Вчера во 13:30 часот на ГП Аеродром „Св.Апостол Павле“-Охрид при пасошка контрола лицето Р.К. (39) од Р.Албанија, приложило стара патна исправа на која имало стикер од постојана дозвола за престој во Велика Британија.
Поради основано сомнение за фалсификувана дозвола за престој на лицето му е одбиен излез од Р.Македонија, по што е лишен од слобода и е предаден на полициски службеници од ПС Охрид за понатамошна постапка.