Охридско лето со помош за жителите од поплавените подрачја

Охридско лето се приклучува во акцијата за помош на загрозените од поплавите. Средствата од продадените билети од двата концерти, Вечер на ЕУ со пијанистката Нина Костова и Хеншел гудачки кварте од Германија и настапот на Државен камерен оркестар „Академија за солисти” со виолинистот Ајман Мусакајајева од Казахстан и мексиканскиот диригент Хуан Карлос Ломонако, кои се на програмата на 12-ти и 14-ти овој месец, ќе бидат наменети за настраданите во поплавите.

Охридско лето изразува длабоко сочувство до блиските на сите починати во невремето кое погоди одделни подрачја на градот Скопје.

„Иако загубата не може да се надомести длабоко жалиме за настраданите и штетите во поплавените подрачја.“- велат оттаму.

Цената на билетите за двата концерти, кои ќе се одржат во црквата „Света Софија“ со почеток од 21 часот, изнесува 300 денари.