Шекеринска со граѓаните на коишто им е потребна помош

Денеска продолжуваат активностите на СДСМ за помош на граѓаните од погодените подрачја на коишто им е најпотребна.

Заменик претседателката Шекеринска, заедно со тимовите од волонтери и активисти на СДСМ, помага на жителите од населените места погодени од поплавите.

Се расчистуваат домовите и дворовите на жителите, се испумпува насoбрана вода каде што се уште има, се дели вода за пиење, конзевирана храна и средства за лична хигиена.

Дополнително, покрај секојдневната директна помош на граѓаните теренот, пратеничката група на СДСМ и опозицијата денеска побара свикување на итна собраниска седница за состојбата во погодените подрачја со конкретни мерки и заклучоци за да им се помогне на граѓаните.