На вчерашниот хуманитарен концерт кој на иницијатива на пејачката Елена Велевска и во организација на Општина Охрид и Црвен крст Охрид се одржа на Градскиот плостад во Охрид, во касите на Црвен крст Охрид беа собрани 101.570 денари, 50 евра, 20 австралиски долари, 20 УСА долари, 5 новозеландски долари и 20 лева.
Со своја донација (бебешки пелени, вода и конзервирана храна) на вчерашниот хуманитарен настан, помогнаа и Тамаро маркетите.
Сите собрани средства ке бидат наменети за помош на населението од поплавените подрацја во скопскиот регион.
Од Црвениот крст Охрид изразуваат благодарност до естрадните уметници кои учествуваа на овој хуманитарен концерт и до сите хумани луѓе кои со својот прилог-финансиски или во материјални добра, помагаат на погоденото население во справување со последиците од поплавите.