Институциите од областа на културата се вклучуваат во хуманитарната акција за помош на загрозените од поплавата

Министерството за култура преку своите институции: театри, музеи, галерии ќе реализира повеќе хуманитарни театарски претстави, концерти, продажни изложби и други активности со што се вклучува со донација на приходи од продажбата на билети со цел да помогне на населението чии домови настрадаа во катастрофалните поплави. Собраните средства ќе бидат префрлени на посебна жиро-сметка наменета за помош на граѓаните погодени од поплавата.

Во прилог ви ја доставуваме програмата на Националните установи и културните настани кои ќе бидат реализирани во наредниот период. Воедно ги повикуваме граѓаните од целата држава да ги посетат настаните затоа што секој купен билет значи мал придонес и помош на нашите граѓани од поплавените подрачја.

Министерството за култура на 21 август на локалитетот Кокино во рамките на активностите за реализација на проектот „Кокино-македонски бренд“ ќе реализира настан насловен „Тврдина на сонцето“ во чии рамки во текот на целиот ден ќе се реализираат едукативни програми, работилниците, астрономски предавања, кино на отворено, а во вечерните часови во рамките на музичката програма концерт ќе одржат Мухамед Ибраими, Фолтин и Кирил Џајковски. Настанот ќе биде од хуманитарен карактер, а сите донирани средства од страна на посетителите ќе бидат наменети за жителите од поплавените подрачја.

НУ Охридско лето

12 август – Вечер на ЕУ – концерт на македонската пијанистка Нина Костова и гудачкиот квартет „Хеншел“ од Германија
14 август – концерт на Државниот камерен оркестар „Солистичка академија“ со виолинистката Ајман Мусакајајева од Казахстан
НУ „Македонски народен театар“-Скопје

19 август стенд-ап комедија „Детоксификација“ на Сашко Коцев во соработка со МНТ
29 август претстава „Не се клади на енглези“
31 август претстава „Свадбата на Фигаро“
1 септември претстава „Брачна игра“
17 септември „Прекината одисеја“ копродукциска претстава на МНТ со театарот Хелена Моџеска од Полска
НУ „Драмски театар“- Скопје

13 август копродукциска претстава со Театар Фабрика
14 септември – претстава „Буре барут“ – автор Дејан Дуковски, режија Сашо Миленковски
15 септември – „Снежана и 7-те џуџиња“ – автор Браќа Грим, режија Димче Николовски
16 септември – „Чолак“ – адаптација и режија Синиша Евтимов
НУ Театар „Комедија“ – Скопје

7 септември – претстава „Вардарски пастуви“ – адаптација и режија Синиша Ефтимов
НУ „Турски театар“- Скопје

2 и 3 септември – премиера „Пеги Пикит го гледа Божјото лице“ – автор Роналд Шимелфенинг, режија Ивана Ангеловска
НУ „Албански театар“-Скопје

2 септември претстава „Магбет“
НУ „Театар за деца и младинци“- Скопје

18 септември – претстава „Пепелашка“ – автор Шарл Перо, режија Деан Дамјановски
НУ „Македонска филхармонија“- Скопје

13 септември – Концерт на Македонската филхармонија во Кичево
НУ АНИП „Танец“ -Скопје

20 септември – концерт во НУ Драмски театар од Скопје
30 септември – концерт во НУ МНТ од Скопје
НУ „Македонска опера и балет“- Скопје

24 септември – гостување со балетска претстава „Трите прасиња“ во Куманово
25 септември – гостување со балетска претстава „Трите прасиња“ во Штип
29 септември – гостување со камерна опера „Рита“ во Струга
30 септември – гостување со камерна опера „Рита“ во Охрид
НУ „Археолошки музеј на Македонија“- Скопје

18 август – Крводарителна акција
Донација од средствата од продадените билети во месец август
НУ „Музеј на македонската борба“- Скопје

Приходот од билетите од месец август ќе бидат донирани во хуманитарна цел
НУ „Национална галерија на Македонија“- Скопје

26 – 30 септември во изложбениот простор Чифте Амам во Скопје ќе се одржи Меѓународна хуманитарна продажна изложба за помош на настраданите
НУ „Музеј на Македонија“-Скопје

22 септември во Куршумли ан промоција каталогот „Џубе, облека помеѓу традицијата, истокот и западот, од колекцијата на Музеј на Македонија‘‘
23 септември изложба „А ла Франга“,
23 септември концерт „Europe Live(s)“ на кој ќе настапат поп-рок состави
24 септември концерт „Ethno Europe“ на етно групата Баклава во Македонско село
24 септември во Даут пашин амам концерт „A Part of Glass“на пијанистката Ана Иванова насловен . Освен овие настани, Музејот на Македонија на и средствата од продадените примероци, како и од влезниците за концертите и изложбата ќе бидат наменети за подршка на настраданите.
НУ „Музеј на современата уметност“-Скопје

26 август продажна аукција на дела од македонски автори „Музејот возвраќа со солидарност“ во соработка со Национална галерија
НУ „Народен театар“- Битола

14 и 15 септември – претстава „Без паника“ – автор Мика Милоаху, режија Благој Мицевски
НУ Центар за култура „Јордан Х.К.Џинот“ – Велес

12 септември – премиера „Добра надеж“ – автор Херман Хејерманс, режија Александар Ивановски
НУ Центар за култура „Ацо Шопов“ – Штип

9 септември – претстава „Љубовен маратон“ – според авторот Нил Сајмон, адаптација и режија Никола Ристов
НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово

5 септември – претстава „Идиоти“ – според едночинки од Муза Павлова, режија Мирослав Петковиќ
НУ Центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп

16 септември – претстава „Хамлет во село Долна Мрдуша, општина Блатуша“ – автор Иво Брешан, режија Кирил Петрески (во театарот)
16 септември – настап на КУД „Моминок“ од Прилеп (во центарот)
НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид

17 септември – претстава „Парламентарки“ – автор Аристофан, режија Ненад Витанов
НУ Центар за култура „Антон Панов“ – Струмица

18 и 30 август – претстава „Шума“ – автор Николај Островски, режија Драгана Таневска
25 август, 1 и 6 септември – претстава „Мурлин Мурло“ – автор Николај Кољада, режија Ана Батева
13 септември – концерт Вечер на македонски народни патриотски песни
НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга

4 август – концерт на групата „Љубојна“
НУ Центар за култура – Битола

15 август 18:00 Проекција на филм „Ледено доба“
15 август 20:00 Проекција на филм „Џејсон Борн“
НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј“-Охрид

Приходот од билетите од месец август за посетата на „Музејот на вода“ ќе бидат донирани во хуманитарна цел
ОУ Дом на културата „Иван Мазов Климе“- Кавадарци

29 август – 1 септември – хуманитарна продажба на дела од ликовната колонија „Кавадарци – Михајлово 2016“
25 – 26 август – Кавадарци џез фестивал