Охриѓанец заработи кривична пријава поради поседување нелегално оружје

Регионалниот Центар за Граничен Реон Запад поднесе кривична пријава против З.Н. (47) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 31ви март годинава на место викано „Царина“, на патот кон селото Стење, во ПМВ „Голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, полициска патрола пронашла репетирачка пушка со калибар 7,9 милиметри, оптички нишан и два куршуми калибар 7,9 милиметри. Пронајденото оружје и останатите предмети се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.