Во знак на почит кон охридскиот писател Живко Чинго во неговото родно место Велгошти, на спомен – обележјето во атарот на манастирот „Св. Петка“ утревечер по 28 пат ќе се одржи традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“. Манифестацијата е во организација на МЗ Велгошти и Општина Охрид.
Според програмата предвидено е полагање на цвеќе пред споменикот на Живко Чинго по што се очекува обраќање на претставник од општина Охрид. Беседа за писателот ќе одржп Јордан Плевнеш, а потоа ќе биде и врачувањето на наградата за најдобар расказ, што општина Охрид ја додели по претходно распишан конкурс. Манифестацијата ќе биде заокружена со Културно –уметничка програма.
Почетокот на манифестацијата е 20:30 часот.
WebOhrid