Одржана педесет и деветтата седница на Советот на Општина Охрид

Со педесет и четири точки на дневниот ред, доцна попладне заврши педесет и деветтата седница на советот на Општина Охрид. На седницата преовладуваа полугодишните извештаи за работата на општинските служби и јавните претпријатија, како и предлгог одлуките за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во охридските училишта.

Посебно внимание привлече точката од дневниот ред за давање согласност на Одлуката за усвојување на планот за поделба на МЈП „Проаква“ со издвојување и со основање на нови друштва. Советниците едногласно ја усвоија одлуката, со назначување дека на наредната седница ќе биде усвоен посебен заклучок кој ќе биде доставен до Владата на Република Македонија, а во кој се предвидува новото јавно претпријатије кое ќе стопанисува со колекторот да биде во државна сопственост.