Вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“, во рамки на дополнителната програма на „Охридско лето“, со почеток во 20:00 часот ќе биде прикажан филмот „Исправи се, Делфина“, во режија и по сценарио на Александар Ѓурчинов – Ацо, во продукција: Вардар Филм-Скопје (Македонија).
Филмот е снимен во 1977 година и е со времетраење од 101 минути.
Ова е филмска приказна за девојката Делфина, која е решена да ги совлада сите оние тешкотии и разочарувања што ги носи со себе животот и да истрае во совладувањето на водите од каналот Ла Манш. Делфина се подготвува да го преплива каналот. Меѓу случајните минувачи е и Рене, инвалид во количка, кој го препливал каналот и сите пливачи ги испраќа на нивниот долг пат. Борбата со непредвидливиот канал започнува. Во бродот што ја придружува, покрај судиите, се нејзиниот тренер Атанас и пријателот Петко. Тоа се единствените луѓе што вистински ја сакаат Делфина и кои настојуваат да помогнат во остварувањето на подвигот.
Филмот е добитник на мнпгу награди: 1977 ФЈИФ, Пула, Бронзена арена за режија на Александар Ѓурчинов 1977 ФЈИФ, Пула …
Главните улоги ги толкуваат Дарко Дамевски, Диме Илиев, Неда Арнериќ, Слободан Димитриевиќ, Столе Аранѓеловиќ.