Положување венци по повод одбележувањето 18-ти Август Денот на АРМ

По повод одбележувањето на 18-ти август Денот на АРМ, на спомен-обележјето на загинатите бранители од 2001 година, на платото во Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ делегации предводени од министерот за одбрана Зоран Јолевски и од Началникот на ГШ на АРМ генерал – потполковник Методија Величковски, како и роднини на загинатите припадници на АРМ положија венци со свежо цвеќе.

Претходно на градските гробишта во Бутел во Скопје пред вечниот дом на претседателите и врховни команданти Борис Трајковски и Киро Глигоров, на гробот на генерал Михаило Апостолски на партизанските гробишта венци со свежо цвеќе положија: делегација на ГШ на АРМ предводена од Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник МетодијаВеличковски, од Министерството за Одбрана предводена од државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова, од кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, Сојузот на борците од НОВ, Сојузот на резервните воени стрешини на Република Македонија, и други.

DSC_0050

Вечерва во касарната „Илинден“, Скопје, со почесна артилериска стрелба со 10 плотуни од артилериски орудија, ќе се најави Денот на АРМ и ќе се оддаде почит на заслужните за формирањето и развојот на Армијата на Република Македонија.

DSC_0129