На вчерашната хуманитарна забава во организација на Охрид Денес, која се одржа во ирскиот паб Даблин беа собрани 13.110 денари во кутиите за донации за помош на жителите од поплавените подрачја во Скопје.
Со донациите на хуманите сограѓани и донацијата на паб Даблин вкупно беа собрани 23.110 денари кои утрово беа уплатени на официјалната жиро-сметката за помош на жителите на поплавените подрачја во Скопје.
Организаторите изразуваат голема благодарност до персоналот и сопственикот на паб Даблин, Аце Савески кој донираше дополнителни 10.000 денари како повеќе би помогнале на настраданите сограѓани во Скопје. Благодарност упатуваат и до бендот Neighbours (Иво Петровски, Димитар Ангелков и Блаж Ангелков) кои се погрижија за прекрасната вечер и преубавата атмосфера на настанот, а огромна благодарност упатуваат и до тимот на Labino Sound кои се погрижија за озвучувањето во локалот.
Немилите настани кои ни се случија на 6-ти Август со себе земаа и голем број човечки жртви и знаеме дека многу семејства ги изгубија своите најблиски и дека за празнината која тие ја чуствуваат можеме само да се помолиме за вечен мир на нивните најблиски. Причинети беа и огромни материјални штети, но со помош на хуманите граѓани кои секојдневно излегуваат во пресрет и се надеваме дека таквата поддршка ќе продолжи, штетите настанати од поплавите во скоро време ќе бидат санирани.
Тимот на Охрид Денес им се заблагодарува на сите хумани граѓани за одвоеното време да бидат дел од хуманитарната акција во паб Даблин, а со тоа докажаа уште еднаш дека охриѓани се солидарни и хумани луѓе кои се грижат за своите сограѓани и се секогаш тука да излезат во пресрет и да помогнат на тие на кои е најпотребна помош.