Во ДИК до денеска се пријавиле 6.984 спорни гласачи

Вкупно 6.984 граѓани, чии записи во избирачкиот список, по спроведени вкрстени и теренски проверки, се спорни, до денеска напладне се пријавиле во Државната изборни комисија (ДИК), соопштија од таму.

Од нив, 3.015 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии, како и во дополнителните канцеларии на ДИК, додека 3.969 за пријавување ја искористиле веб-апликацијата на интернет-страницата на Државната изборна комисија.

Најмногу граѓани со спорни записи во избирачкиот список се пријавиле во општините Чаир, Тетово, Сарај и Куманово.

Извор: meta.mk