„Водовод“ Охрид: Задоволни сме од програмата за електронска наплата на сметки

Од РЕ Водовод Охрид изразуваат задоволство од програмата за електронска наплата на сметките на домаќинствата преку www.evodovod-ohrid.com.mk изработена од Ентер ДОО Охрид и во соработка со Тутунска банка која започна во мај 2016.

Оттаму велат дека бројот на корисници постојано се зголемува. На овој начин се врши:

– Пратење на современите трендови за електронско плаќање,

– заштеда на време на корисниците на услугите на РЕ Водовод – Охрид,

– избегнување на шалтери по банки, пошти, наплатни центри,

– придонес во унапредување на екологијата, укажувајќи дека се опфатни целните групи, не само викенд потрошувачите, туку и редовни жители на град Охрид.

Додаваат дека добиваат преку е-маил приговори и забелешки кој веднаш службите ги регулираат.

ElektronskoPlakanjeVodovodOhrid