Денес во просториите на општина Дебрца, градоначалникот Игор Трајкоски се сретна со првачињата во Општина Дебрца.
Како и претходните години така и оваа година, бизнисменот од Перт, Западна Австралија, Драган Капинков, кој е сопственик на фондацијата „Капинков“, донираше училишна опрема.
Училишниот прибор и чанти на првачињата од општина Дебрца им ги додели градноначалникот Трајкоски, кој рече дека оваа учебна година во „ОУ Дебрца“ има запишано 34 првачиња, што значи зголемување на бројот за 10 првачиња од претходните години.
Воедно градоналникот Трајкоски им посака успешна учебна година и успешен образовен процес.