Во Куратица годинава по втор пат ќе се одржи оффроад авантурата КУРАТИЦА 2016. Право на учество имаат сите заеинтересирани со џипови велосипеди мотокрос љубителите на пешачењето. Предвиден е стартот од 8 часот пред курајчкото сретсело, преку планината Мазатар, Плаќенска планина, Илинска Црква, селата –Велмеј –Лешани и пристигнување –сместување кај месноста Тина (1400мнв). Од 14 часот е предвидено сместување –логорување, .За оваа година е предвидено адреналинско возење на кружна патека, каде ке имаат можност и гостите-неучесници да гледаат едно несекојдневно возење. Во вечерните часови од 19 часот е предвидено прогласување на најдобрите (од кружното-адреналинско возење ). Забавата продолжува до доцните вечерни часови.
За сите присутни на самото место ќе можат дополнително да се снабдат со храна од добрата скара и ладен пијалок , кој ја обезбеди организаторот.
Следниот ден е предвидено приклучување на Турнејата во Демир Хисар (кај Илинска Црква).
7:30-8:00 часот Пријавување и доделување маици броеви
8:00 часот Старт (сретсело Куратица)
10:00 часот Пауза –Плаќенска планина
12:00 часот Пауза-Илинска црква
13:00-14:00 часот пристигнување кај месноста Тина 1400 мнв , поставување на шаторите за преноќевање
Од 14:00 часот Адреналинско возење на кружна патека и избор на најдобрите
19:00 часот Прогласување на најдобрите и доделување плакети
19:30 часот Продолжување со заедничка забава
Недела 07:00 часот тргнување и приклучување(Илинска црква ) на турнејата во Демир Хисар
Учество : 300 денари