Полицијата ги пронајде остатоците од урнатиот авион

Полицијата ги пронајде остатоците од урнатиот авион во близина на селото Кожле, Катлановско. Се уште се трага по патниците.

Авионот попладнево исчезна од радарите на скопскиот аеродром, a неофицијално се дознава дека во авионот имало шест патници.vi

Жителите на околните села чуле силна експлозија, по што повикале полиција.

Авион со приватен комерцијален лет попладнево исчезнал од радарот во близина на скопскиот аеродром. Како што се дознава, станува збор за авион кој летал од Италија и исчезнал во близина на Скопје.

Извор: meta.mk