ПС Кичево поднесе кривична пријава против И.К. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.
Во периодот од 25.03. до 04.04.2016 година пријавениот на подрачјето на Охрид, Струга и Кичево пуштил во оптек повеќе фалсификувани банкноти во апоени од по 500 денари.