Нов силен земјотрес во Скопје, граѓаните вознемирени стравуваат од нови потреси

Силен земјотрес со јачина од 5,3 степен според Рихтеровата скала попладнево го потресе Скопје и околината. Граѓани возменирени излегоа на улиците, а има и извештаи за напукнати ѕидови и помали штети.

Ова е трет земјотрес, но значитечно посилен од двата кои се случија утрово – првиот во 6.58 часот со јачина од 3,9 степени по Рихтеровата скала, а вториот една минута потоа, со јачина од 2,8 степени.

Експертите велат дека серијата земјотреси не е поврзана со неодамнешните поплави.

Според неофицијалните информации, епицентарот на земјотресите бил на неколку километри источно од Скопје.

Извор: meta.mk