Македонија со ново „рекордно“ ниско место на најновата ФИФА рејтинг листа

Македонската фудбалска репрезентација по поразот од Албанија, забележа пад од -8 места и моментално се наоѓа на 146 место на најновата ФИФА рејтинг листа. Ова е нов „рекорд“ за нас, откако претходно оваа година (април и мај) нашата репрезентација беше на 141 место.

На врвот од ФИФА рејтинг листа каде остана Аргентина и Белгија, додека пак на третото место се искачи Германија.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Боливија со скок од +35 места се искачи на 75 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Централноафриканската Република од -35 места и се најде на 122 место.

WebOhrid