Средба на државните секретари со претставници од Европската заедница

Државните секретари имаа можност од предавачите од Хрватска и од Полска да слушнат за стратегискиот пристап, финансиите и приоритетите на секторите и искуствата …

„ИПА-програмата и понатамошно зајакнување на организациските и институционалните капацитети во процесот на европската интеграција“ беше насловена средбата на државните секретари од сите министерства со претставници на Европската заедница организиран од Секретаријатот за европски прашања. Целта на состанокот, на кој присуствуваше и државниот сектетар во Министерството за култура Бехиџудин Шехаби, беше запознавање на државните секретари со модалитетите на ИПА 1 и ИПА 2 фондовите, нивниот концепт и примена во земјите кои се дел во евроинтегративниот процес.

Државните секретари имаа можност од предавачите од Хрватска и од Полска да слушнат за стратегискиот пристап, финансиите и приоритетите на секторите и искуствата.

Државниот секретар Шехаби, кој активно се вклучи во дискусијата, проговори за застапеноста на фондовите во рамките на културните сектори, како и за начинот на функционирање на самиот проект за локална и регионална конкурентност во договор со Светска банка.

На средбата беше констатирано дека преку ИПА-фондовите за култура, Република Македонија активно е вклучена во проектот „Креативна Европа“.