Јавното претпријатие „Нискоградба“ започна со градежни активности за поставување на атмосферска канализација на пешачката патека која се протега од каналот Студенчишта до хотел Парк. Се поставуваат цефки и сливници за одведување на атмосферски води во должина од 350 метри со пречник од Ф 200 мм.
После завршувањето на оваа фаза, промендата ќе го добие својот конечен лик. Вкупната должина на пешачката патека ќе биде 1 300 метри. Паралелно со овие активности, се одвиваат и градежните активности за изградба на уште две пешачки патеки. Првата е пешачката патека покрај каналот Студенчишта. За изградбата на оваа патека ќе биде употребувани само природни материјали, камени плочи и дрво, а исто така за патеката предвидени се и атрактивни содржини.
Другата патека се протега од Кошишта до Канео преку Лабино и од Канео до Даљан. Предвидено е реализацијата на оваа патека да биде во две фази.
Со реализацијата на овие проекти, охриѓани но и туристите ќе имаат на располагање повеќе содржини каде што ќе можат своето слободно време да го искористат за прошетка и рекреација.