Активности на ЈП „Охридски Комуналец“

Во текот на вчерашниот ден, како и денес, екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец” работеа на расчистување на просторот позади охридската Гимназија „Св. Климент Охридски”.

„Ангажирани беа 3ца работници на косење, кастрење и собирање на зараснатите трња и трева, каде што беа собрани околу 15 м/3 зелен отпад.“- велат од претпријатието.

Покрај овие активности, како дел од редовната работа на екипите на „Јавна Хигиена” при JP „Охридски Комуналец” беше косење на улиците во стариот дел на градот и метење на ул. “Железничка”. Исто така во изминативе 2 дена се чистеше кејот од насобраната езерска алга при што беа собрани 3 трактори од истата, а ќе се продолжи во тек на утрешниот ден, додаваат оттаму.