Делегација на општина Охрид, составена од советниците Љупчо Настоски и Кујтиум Усеини, беше во посета на збратимената општина Винковци. Целта на посетата беше отворањето на 51. “Vinkovachih jeseni”.
Во рамки на посетата, делегацијата на општина Охрид оствари средба со градоначалникот на Винковци, Младен Карлич, каде беше разговарано за продлабочување на соработката помеѓу двете општини. Исто така делегацијата имаше средба и со министерот за наука, образование спорт на Хрватска, Предраг Шустар.