Стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност

Министерството за образование и наука информира дека во тек е конкурс за доделување стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност, наменети за предавања, истражувања, студиски или уметнички престој на словачките јавни универзитети во академската 2016/2017 година.

Стипендиите ги обезбедува Владата на Словачката Република и истите во целост ги покриваат трошоците за живот на стипендистот за време на престојот. Додека, трошоците за меѓународен превоз ги покрива Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Пријавувањето трае до 31 октомври 2016 година, а повеќе информации за начинот, условите, критериумите, потребните документи и пропишаните обрасци за аплицирање се достапни на интернет страницата www.scholarships.sk.