ОК на ВМРО Народна партија Охрид испрати соопштение до медиумите, во кое се вели:
„ВМРО Народна партија од Охрид ја прашува Владата на Република Македонија предводена од ДПМНЕ и ДУИ до каде е проектот за давање на касарната и военото стрелиште Мауцкер под надлежност на Локалната самоуправа, а со тоа да се придонесе за поголем економски развој на Охрид?!
Имено, пред 3 години, со големи помпи од страна на Владата на ДПМНЕ и локалните функционери, се највуваше предавање на надлежностите на објектите и парцелите од касарната и месноста Мауцкер на Општина Охрид. Со тоа се ветуваше дека ќе се придонесе за зајакнување на локалниот економски развој и секако отворање на нова индустриска зона.
Граѓаните на Охрид се сведоци дека нема ништо од ова ветување на власта и дека тоа беше само уште една гола попаганда како и многу други наназад. Од ова празно ветување не се разочарани само граѓаните на Охрид, туку и самата Локална самоуправа која нема скоро никаква помош од Владата и е оставена сама на себе да се снаоѓа.
За тоа како се сака Охрид покажа една друга влада во периодот 1998 – 2002 година, кога само со 3-4 милиони евра се направија десетина значајни проекти кои се обележје на Охрид. За да се види разликата, доволно е да се направи споредбата дека само триумфалната капија во Скопје, која патем чинеше 4.5 милиони евра, е поскапа од сите проекти заедно направени во Охрид од владата на тогашниот премиер, Љубчо Георгиевски како што се Плаошник, реконструкцијата на Самоиловата тврдина, Античкиот театар, старото пристаниште, патот до Св. Стефан и многу други.
За среќа на охриѓани, набрзо ќе дојде времето кога Македонија ќе ја водат луѓе кои со љубов и дела го сакаат Охрид.“– стои во соопштението.