Од денес календарски започнува есента

Календарски од денес на северната Земјина полутопка започнува есента. Новото годишно време ќе започне точно во 16 часот и 21 минута. Во исто време за жителите од јужната Земјина полутопка започнува пролетта.

Есента ќе трае 91 ден и ќе заврши на 21 декември во 11 часот и 44 минути, кога кај нас и на северната хемисфера ќе започне зимата. Тоа значи дека до 21 декември, ноќта ќе се зголемува до 15 часа, а денот ќе се намали на само 9 часа.