Средба помеѓу Директорот на Бирото за јавна безбедност Чавков и Генералниот Директор на СЕЛЕК Центарот, Јакимовски

Денес во Кабинетот на Директорот на Бирото за јавна безбедност беше реализирана официјална средба помеѓу Директорот на Бирото за јавна безбедност м-р Митко Чавков и Генералниот Директор на СЕЛЕК Центарот, м-р Тони Јакимовски.

На средбата се разговараше за продлабочување на соработката во насока на сузбивање на транснационалниот организиран криминал, со посебен акцент на трговијата со дрога, оружје и компјутерскиот криминал. Во таа насока, од двајцата претставници беа изразени заложби за зголемена соработка помеѓу двете институции, преку зголемена размена на информации и иницирање на заеднички акции за сузбивање на криминалот во регионот на Југоисточна Европа.