Реализацијата на проектот на Владата на Република Македонија, „Фондот се грижи за хроничните болни“ и најновите резултати од јавувањата на вработените од Фондот во грижата на хронично болните, кои досега со телефонски јавувања, смс пораки и е-пошта контактираа 58.639 осигуреници со дијабетес, кардиолошки и бубрежни заболувања, се одвива според планираната динамика.
Од почетокот на проектот од 1 октомври 2015 до денес, 10-те тима на вработени во Фондот кои ги контактираат осигурениците и понатаму наидуваат на позитивен приeм кај осигурениците. Иако голем број од контактираните осигуреници се запознаени со тежината на нивното заболување и имаат основни информации за својата терапија, начинот на исхрана и животен стил, има и осигуреници кои иако знаеле дека се болни, не биле сигурни какви се последиците од ненавременото одење на лекар и примање на соодветна терапија. На овие осигуреници во разговорите со нив, укажано им е од колкава важност за нивното сопствено здравје е да ги слушаат препораките на лекарите и да се однесуваат посовесно кон своето здравје, што ги засега и нивните најблиски.
Овие разговори се и можност осигурениците да прашаат и за други права од здравственото осигурување, што се во надлежност на Фондот, како што се: остварување право на ортопедски помагала, право на медицинска рехабилитација, како продолжено болничко лекување, лекови од позитивната листа и слично. Осигурениците, исто така, во раговорите со нашите тимови се интересираа и за користење на новите електронски услуги на Фондот.
Овие податоци се од нашите тимови кои се составени од вработени во поголемите подрачни служби како што се: Скопје, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Велес, Прилеп и Куманово. Тие и се јавуваат на осигурениците со трите хронични заболувања да ги потсетат кои прегледи треба редовно да ги прават, да ги информираат за комплексноста на заболувањето, со цел да се стопира можната прогресија на болеста.