Ристовски: Продолжува поддршката на талентираните ученици

Министерството за образование и наука го објави конкурсот за доделување на паричен надомест во висина од 50%, 40%, односно 30% од просечната нето плата за освоено прво, второ, или трето место на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки во учебната 2016/2017 година, како за учениците, така и за нивните ментори, објави заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски на својата Фејсбук страница.