Хотел „Аквалина“ – најуспешен хотел во 2016 како „Нова туристичка понуда во хотелиерството“

Министерството за економија на Република Македонија, по повод Светскиот ден на туризмот – 27 септември, на хотелот „Аквалина“ – Охрид, му додели признание за најуспешен хотел за 2016 година во категоријата „Нова туристичка понуда во хотелиерството“.

aqualinapriznanie

„Ова признание претставува не само награда за досегашниот труд, туку и дополнителен мотив за понатамошна работа и во иднина. Како хотелски комплекс секојдневно растеме, се надградуваме и усовршуваме.“ – вели Илче Димитриески, менаџер на продажба во Аквалина Охрид.

14440673_10205474323735859_9183908255372126657_n

Хотелот „Аквалина“ се наоѓа во туристичката населба Св.Стефан, оддалечен 6 км од центарот на Охрид на регионалниот патен правец Охрид- Св.Наум. Комплексот на хотелот се наоѓа на самиот брег на Охридското езеро опкружен со пространство на бистра езерска вода од една страна и бескрајна зелена шума од националниот парк Галичица од друга страна. Во својот сместувачки капацитет располага со вкупно 84 соби од кои, 1 Апартман со сауна, 6 соби со сауна и француски лежај, 7 соби со џакузи и француски лежај, 64 двокреветни соби, 6 трокреветни соби. Сите соби се опремени со ЛЦД ТВ, кабловска телевизија, телефон, WI-FI, купатило, фрижидер, услуга во соба. Исто така располага со сопствен паркинг кој е бесплатен за гостите. Хотелот „Аквалина“ располага со сопствена плажа, сопствен ресторан со околу 220 седишта погоден за фамилијарни веселби, крштевки, родендени и свадби.

Во рамки на хотелот работи и летна тераса која Ви овозможува прекрасен поглед кон езерските бистри води. Врвните специјалитети на кујната ќе ви овозможат еден пријатен и незаборавен одмор. Хотелот располага со повеќе сали и простории за одржување на конгреси, симпозиуми, семинари и бизнис средби. Капацитеот на салите е од 30 до 150 седишта, целосно опремени за непречено одржување на вашите настани. Располага со 2 спортски терени комбиниран за мал фудбал, кошарка, ракомет, тенис, одбојка, 1 терен за голем фудбал. Терените ги задоволуваат потребите за одржување на секакви спортски приредби, а особено идеални за припреми на спортски екипи.

WebOhrid