По повод јубилејот 70 години од пензионерското организирање во Македонија,66 години од постоењето на ЗП Охрид и Дебрца и 25 години од независноста на Републикава, денеска заменик градоначалникот на Охрид Ангел Јанев и претседателот на Советот на општината Охрид Гордана Коњаноска, организираа прием за преставници на ЗП Охрид и Дебрца.На приемот присуствуваа и спортистите кои и годинава по шести пат го освоија првото место на Републичките пензионерски спортски натпрвари и членови на КУД ,,Далги,, кои на меѓународниот фолклорен фестивал Илинденски денови во Битола освоија признание за најуспешна музичка група за негување на староградска музика.
За успесите на спортистите и фоклористите и за стандардот на пензионерите обраќање имаше Претседателот на Извршниот одбор Ѓорѓи Трпчески.
На приемот честитки за постигнатите резултатаи во повеќе области на пензионерите им упатија заменик градоначалникот Ангел јанев и претседателката на Советот Гордана Коњаноска.
По повод јубилејот 70 години од пензионерското организирање во Македонија,од името на СЗПМ,Плакети им беа врачени на Ѓорѓи Трпчески,Зоре Мицкоски и Ристо Трајкоски, а Признанија за најмногу освоени златни медали на републичките натпревари им беа доделени на Благица Маркулеска и Блаже Србиноски-Цапе,а пофалена беше и женската екипа во стрелаштво која исто така освои златен медал на републичките натпревари. Во името на СЗПМ ,плакетите и признанијата им ги врачи претседателот на Собранието на ЗП Охрид и Дебрца д-р Димитар Спасески.