Одбележан Светскиот ден на срцето

Заводот за кардиоваскуларни заболувања, со поддршка на општина Охрид, вчера со пригодна акција го одбележа 29. Септември- Светскиот ден на срцето. Претседателот на Советот на општина Охрид Гордана Коњаноска истакна дека превенцијата на кардиоваскуларните заболувања е посебно важна во намалување на ризик факторите. Таа нагласи дека на тоа посебно треба да обрне внимание , бидејќи оние кои веќе имаат кардиоваскуларни проблеми треба редовно да се во директен контакт со здравствените работници.

Оние кои што се условно здрави се тие кои остануваат недоволно информирани за можноста да откријат одредени ризик фактори и да ги модифицираат. Секако дека постои контрола на крвниот притисок, на вредностите на шекерот во крвта и на други состојби кои што можат многу долго да одат без симптоми, а луѓето да ги имаат. Тоа треба да се направи на примарно здравствено ниво со повремена контрола на електрокардиограм и при минимални симптоми и да не зборуваме за модифицирање на начинот на живот“– рече Коњаноска. Според Коњаноска има потреба од постоење на еден ваков ден за да не потсетува дека над 17 милиони луѓе годишно од светската популација прерано умираат заради срцеви заболувања и мозочен удар.

svetdensrce014852

Светскиот ден на срцето е востановен во 2000-та година од страна на Светската федерација за срце ( World Heart Federation). Се одбележува ширум светот а има за цел да ја зголеми информираноста на населението дека срцевите заболувања и мозочниот удар се водечка причина за смртност во светот.

svetdensrce014851