Бензините поевтинуваат за половина денар

Согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,56 %.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 19.09.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се променуваат, односно остануваат на исто ниво утврдени со Одлуката од 19.09.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 48,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 36,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,387 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 19.09.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 22,408 ден/кг.