Американски кошаркар почина на тренинг во Охрид

Вчера во Охрид во спортската сала „Билјанини Извори“ починал М.К.Т. (26) од САД, кој пристигнал во Р.Македонија да игра за Кошаркарскиот клуб „АВ-Охрид“.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.