Од утре, четврток, 6 октомври, во сите 30 подрачни служби на ФЗОМ, продолжува со практиката на отворени денови за осигурениците. На овој начин осигурениците дирeктно од одговорните лица од Фондот ќе се информираат за своите права, ќе претстават некој проблем со добивање на право од здравствено осигурување, а воедно и ќе имаат можност да дадат свои идеи, предлози, кои се однесуваат за унапредување на работата на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
Oтворените денови се дел од заложбите на Фондот за информирани осигуреници, кои претставуваат вреден ресурс на повратни информации за активностите и новините кои Фондот ги воведува. Осигурениците, воедно, се и активни учесници во процесот на креирање политики за подобро функционирање на Фондот за здравствено осигурување.
„Средбите со осигурениците се начин да ја согледаме перцепцијата на осигурениците за нашата работа, но и да добиеме предлози за надминување на„ тесните грла“ во работењето. Средбите ги доживуваме како можност за насоки за тоа на што да се обрне поголемо внимание, што треба да се подобри во работењето или да се поедностави како процедура.“ – велат од ФЗОМ.
Фондот ги поканаува сите осигуреници, секој четврток од 10:00 часот – 13:00 часот да дојдат во подрачната служба и да се обратат за било кое прашање во врска со здравственото осигурување.