Македонија 1:2 Израел

Македонската А репрезентација загуби со 2:1 од Израел во натпревар од вториот круг квалификации за пласман на Светското првенство во Русија 2018.

На националната арена „Филип Втори“ избраниците на селекторот Игор Ангеловски можат да жалат за многуте пропуштени можности. Изостана реализацијата, а противникот од две шанси погоди два пати.

Во првите 15. минути, нашите фудбалери фуриозно го започнаа дуелот. Две супер прилики не искористи нашиот најдобар играч и капитен, Горан Пандев. Во 22. минута нови возбудувања пред голот на Израел, Несторовски погоди, меѓутоа голот беше поништен поради офсајд. Казната стигна три минути подоцна, Хемед ја искористи лошата поставеност на нашата одбрана и погоди за предност од 1:0. Македонија продолжи со офанзивна игра, но без реализација. Во 43. минута Израел ја зголеми предноста на 2:0.

Во продолжението, успеавме да го ублажиме водството на противникот, но и да промашиме уште неколку супер прилики за погодок. Несторовски во 63. минута ги постави конечните 2:1. Во одлични можности се најдоа и Алиоски и Ибраими, најсериозната ја имаше Јаховиќ во третата минута од судиското продолжение кога не успеа да погоди од белата точка и да донесе бод за својата селекција.

На крајот незаслужен пораз од Израел и многу пропуштени можности за гол.