Презентација за заштита од елементарни непогоди во ОУ „Св. Климент Охридски“

Црвен крст Охрид во соработка со Црвен крст Македонија утре ќе организира едукативна презентација за учениците од ОУ„Св.Климент Охридски“, со цел запознавање со најчесто можни елементарни непогоди и катастрофи и постапка и заштита од истите.

Презентацијата која се реализира во рамки на активностите во делот на подготвеност и дејствување при катастрофи и по барање на училиштето, ќе се одржи во просториите на училиштето, со почеток  во 10:30 часот.

WebOhrid