Со низа активности ќе се одбележи 11ти октомври – Денот на Народното востание

Општина Охрид и организацијата на Сојузот на борци од НОАВМ и нивните следбеници, организираат свечено одбележување на 11ти Октомври – Денот на народното востание.

Утре (понеделник), во големата сала на општина Охрид, со почеток во 10 часот ќе има свечена програма по повод јубилејот- 75 години од народното востание, а вечерта во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот, концерт ќе одржи музичката група „Билјана- Јуниор“ .

На 11ти октомври, кај спомен обележјето од НОБ во Градскиот парк, во 11 часот ќе биде положено свежо цвеќе.