За прв пат одржана манифестацијата „Ноќ на виното” во Мешеишта

На спортскиот полигон во селото Мешеишта синоќа за првпат се одржа манифестацијата „Ноќ на виното“, организарана од страна на Здружението за промоција на Вино Редеш – Мешеишта. Целта на оваа манифестација е негување на културата, традицијата и обичаите, истакнување на лозаро-винската компонента и развојот на винскиот туризам и промоција на квалитетно вино кое се произведува на поднебјето на Мешеишта и регионот.

Посетителите имаа можност да вршат дегустација на вина од две познати македонски винарии, Винарија Охрид и Винарија Далвина. Покрај нив можеше да се врши дегустација на 22 домашни вина од приватни производители, од кои се изврши избор на три најдобри. Првото место му припадна на Наумче Вичороски, втората награда ја понесе Мирче Карамешиноски, а третото место му припадна на Петар Калески, сите од Мешеишта. За сите нив организаторот им додели благодарници за освоеното место и им обезбеди пристојни награди.

За добрата забава се погрижија  познати естрадни уметнички Татијана Стефаноска, Елена Велевска и групата Маестрал бенд. Организаторот упатува голема благодарност до сите помагатели на манифестација без кои оваа манифестација не би постоела и им се заблагодарува на сите посетители, кои со нивното присуство ја збогатија ноќта на виното.

WebOhrid