Во рамки на своите едукативни програми и активности Црвен крст Охрид започнува со нова програма за помагање за пишување на домашните задачи на учениците од прво до петто одделение по сите предмети.
Со оглед на големиот интерес за продолжен престој на децата од одделенска настава како и поради зафатеноста на родителите и се почестата потреба од дополнителна работа со учениците, оваа едукативна програма на Црвен крст Охрид има за цел да ги потврди и на креативен начин да ги подобри и развива знаењата и вештините на учениците стекнати во училиштето.
Часовите ќе се одвиваат во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 52, а ќе ги води Анета Ѓуроска, дипломиран професор по одделенска настава.
Учениците би доаѓале во обратна смена од одењето на училиште (од 9.00 часот-до 12.00 часот и од 12.00 часот до 15.00 часот).За повеќе информации за програмата и пријавување на учениците граѓаните можат да се обратат во Црвен крст Охрид од денес од 11:00 до 15:00 часот.