Проектот на УСАИД за заштита на човековите права во Охрид и Струга

На 15ти и 16ти октомври, тимот на Проектот на УСАИД за заштита на човековите права и други вработени од Македонското здружение на млади правници во рамки ќе биде присутен во Охрид и Струга со цел граѓаните да се запознаат со активностите предвидени во проектот, со посебен фокус на бесплатната правна помош за жртви на повреди на човекови права, како и правното застапување пред домашни и меѓународни судови.

Во Охрид штандот на проектот ќе биде поставен на плоштад Св. Климент Охридски, додека во Струга пред хотел Београд, двата дена од 12:00 до 15:00 часот.

Проектот на УСАИД за заштита на човековите права е програма со времетраење од три години која има цел да допринесе кон унапредување на заштитата и на човековите права, како и демократските вредности во Р. Македонија преку правна едукација, стратешко застапување и зајакнување на правни професионалци и граѓански организации.

flyer-pg1-_mkd-1-1

Проектот има за цел да создаде тим на вешти правни професионалци оспособени да го предизвикаат правниот систем и изградат пракса за одбрана на човековите права и основните демократски вредности загарантирани со Уставот.

Преку програмата за практикантска работа проектот ќе им помогне на младите правници во идентификување и спречување на повреди на човековите права како и во обезбедување на заштита како дел од нивните професионални активности.

Овој проект е овозможен со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на проектот на УСАИД за заштита на човековите права.Проектот на УСАИД за заштита на човековите права во Охрид и Струга.

flyer-pg2-_mkd-2