Вчера во 16.30 часот на подрачјето на струшко с.Франгово, кај м.в. „Фериште“, била забележана група на луѓе како берат костени, при што од страна на полициски службеници од ПС за ГН-Франгово, биле затекнати и приведени 23 лица-албански државјани. Кај лицата биле пронајдени 17 вреќи со костени, кои со потврда за привремено одземени предмети им се одземени и се наоѓаат во ПС за ГН-Франгово.
На лицата им е изречена мерка „забрана за влез во Р.Македонија“ и во 21.00 часот биле предадени на ПС за ГП „Ќафасан“.