Драмски со блескав настап на својата мини турнеја и пред загрепската публика

Вчеравечер (сабота, 15 октомври) Драмскиот театар од Скопје настапи пред загрепчани со претставата “Генетика на кучињата” во режија на Дејан Пројковски, по текст на Венко Андоновски.

Македонските актери повторно докажаа дека се вистински амбасадори на македонската култура. Пред исполнетата сала на Градскиот театар Гавела во Загреб, по втор пат во два дена ја потврдија вредноста на македонската театарска сцена.

Долгиот аплауз на хрватската публика е само потврда за одличната изведба, која не ја остави рамнодушна публиката што дојде да ја проследи претставата.

По настапите во Сараево и во Загреб, експедицијата на Драмски ќе ја финишира својата мини турнеја во Белград, каде што пред српската публика ќе се престави во понеделник (17 октомври) во Београдско драмско позориште.

Во претcтавата настапија Драган Спасов – Дац, Јелена Жугиќ, Роберт Вељановски, Рубенс Муратовски, Биљана Беличанец, Дејан Лилиќ, Филип Трајковиќ, Крсте Јовановски, Драгана Левенска, Зоран Љутков, Гордана Ендровска и други.