Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 4,36%.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 03.10.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 03.10.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 65,00 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 38,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,67 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 03.10.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 24,078 ден/кг.