Активниот состав на СВР Охрид денес врши вежбовна активност за боево гаѓање

Активниот состав на Секторот за внатрешни работи Охрид, денес врши вежбовна активност за боево гаѓање.

Според планот, боевото гаѓање се реализира со огнено оружје-автоматска пушка, во просториите на стрелиштето „Бејбунар“ во времето од 10:00 до 13:00 часот.

Денешната вежбовна активност се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом Охрид“ и урбаната заедница „Билјанини извори“.

Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи извршија обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето „Бејбунар“ со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинското обезбедување на боевото гаѓање го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом“.

Се молат граѓаните доколку, во овој временски интервал се движат кон стрелиштето „Бејбунар“, да ги почитуваат насоките на полициските службеници.