Шекеринска: Институциите да работат во служба на граѓаните!

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денес одржа прес-конфернција, на која истакна:

„Македонија мора да им овозможи на своите граѓани квалитетни, ефикасни и достапни јавни услуги. Тоа е суштината на секоја добро организирана држава.

Граѓаните се жалат дека многу тешко ги завршуваат своите обврски низ државните институции, дека тешко доаѓаат до информации, дека е мал борјот на шалтери, дека мора да излезеш од работа за да си ја завршиш обврската, а дека трошоците постојано растат.

Затоа имаме план тоа да се промени, имаме план секоја институција во која граѓаните ги остваруваат своите права да работи во две смени и да овозможи услуги за граѓаните до 20 часот секој работен ден.

Имаме план дополнително сите непотребни докумнети кој значат голем трошок на граѓаните, многу изгубено време да бидат укинати, и да не бидат дел од ваквите постапки.

Имаме план за секоја постапка којашто се води во државната администрација во рок од 6 мецеси да бидат објавени сите документи којшто се потребни, да биде објавено колку трае, и да биде објавено колку вкупно чини.

Само на таков начин државата ќе работи за своите граѓани, само на таков начин институциите и администрацијата ќе бидат во служба на своите граѓани.

Сметаме дека со ваквиот план дополнително ќе се искористат сите ресурси и сите капацитети на луѓето во државната администрација, секој службеник ќе може чесно да си ја заработи својата плата којашто ја добива од граѓаните на Република Македонија.“– истакна Шекеринска.