Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Полска

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорот на Република Полска Н.Е. Јацек Мултановски. На средбата двајцата соговорници разговараа за мигрантската криза и улогата на МВР во обезбедувањето на фер и кредибилни избори на 11 декември.

Министерот Спасовски изрази благодарност за досегашната помош и поддршка од страна на Република Полска за нашата држава и конкретно за Министерството за внатрешни работи, особено во справувањето со мигрантската криза.

Амбасадорот Мултановски го информираше министерот Спасовски за одлуката за продолжување на активностите на 30 полски полициски службеници на нашата јужна граница, кои и помагаат на македонската полиција во справувањето на проблемот со мигрантите.