Во Охрид ќе се одржи работилница „Полицијата и медиумите-јакнење на взаемната доверба и патнерство“

На 22ри октомври (сабота) во Охрид, ќе се одржи еднодневна работилница на тема: „Полицијата и медиумите-јакнење на взаемната доверба и патнерство“.

Предвидени се презентации на следниве теми:

*Запознавање со одредбите на новинарскиот и полицискиот кодекс и етика

*Улогата на полицијата и новинарите во демократското општество

*Колку новинарите го познаваат полициското работење и процедури

*Колку полицијата ја познава работата на новинарите.

Во рамките на работилницата, предвидени се и неколку интерактивни вежбовни сценарија и работа на учесниците во групи.

Целта на оваа работилница е да се направи обид повеќе за поблиско ваемно запознавање на полициската и новинарската работа, почитување на одредбите од новинарскиот и полицискиот кодекс и етика, јакнење на меѓусебното разбирање, взаемната доверба и партнерство, детерминирање на нивната меѓусебна зависност и социјална одговорност кон граѓаните како и искрено професионално интензивирање и почитување на правно нормираните меѓусебни односи работа на другата страна.

Работилницата „Полицијата и медиумите-јакнење на взаемната доверба и патнерство“, ќе се одржи по иницијатива на портпаролот на СВР Охрид, а е помогната од мисијата на ОБСЕ во Република Македонија.