Почнува зимското сметање на времето

Ноќеска, почнува зимското сметање на времето со поместување на стрелките на часовниците за еден час наназад. Така, три часот по полноќ ќе се смета како два часот.

Зимското сметање на времето почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март.