Цените на горивата остануваат непроменети

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Македонија, цените на горивата остануваат непроменети и во наредните две недели.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,34%.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се променуваат, односно остануваат на исто ниво утврдени со Одлуката од 17.10.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 65,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 38,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,513 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 17.10.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 24,591 ден/кг.